Return to Homepage



ЗАКОН ЗА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

2000

..................

Достапност на високото образование

Член 6

(1) Државjаните на Република Македониjа имаат, под еднакви услови, право на образование на високообразовните установи во Република Македониjа.

(2) Странските државjани можат, со примената на начелото на реципроцитет, да се образуваат на високообразовните установи во Република Македонвда под истите услови како и државjаните на Република Македониjа.

(3) Странските државjани, освен лицата од ставот 2 на овоj член, можат да се образуваат на високообразовните установи.

(4) Право на високо образование имаат и лицата без државjанство под услови утврдени со закон и со ратификувани меѓународни акти.

(5) Условите од ставовите 1, 2 и 3 на овоj член, поблиску ги уредува универзитетот, односно високообразовната установа коjа не е во состав на универзитет.

..................

Член 13

..................

(2) Автономиjата на високообразовната установа не може да се нарушува и со:

-неповикано учество во деjноста на високообразовната установа;

-извршување на високообразовна и друга деjност што ги загрозува правата на членовите на академската заедница насочени кон дискриминациjа на човекот и граѓанинот, сврзана со полот, расата, боjата на кожата, националната и етничката припадност, социjалното потекло, политичкото и верското убедување и припадност, имотната и општествената положба и

..................

(2.3) - политичко и религиозно организирање и деjствување, освен активностите што се остваруваат преку форуми на кои се разменуваат идеи и мислења.

..................

Јазици на кои се изведува наставата

Член 95

(1) Наставата на високообразовните установи се изведува на македонски jазик.

(2) Наставата на државните педагошки високообразовни установи за образование на воспитувачи за предучилишно воспитание и наставници за основно образование како и по дидактичко- методичките предмети за наставници за средно образование може да се одвива и на jазиците на припадниците на националностите.

(3) Наставата по дидактичко- методичките предмети од ставот 2 на овоj член се изведува во дидактичко-методички центар организиран како организациона единица на Педагошкиот факултет "Св. Климент Оhридски " во Скопjе.

(4) Кога наставата се изведува и на jазиците на припадниците на националностите согласно со ставот 2 од овоj член, македонскиот jазик се изучува како посебен наставен предмет и наставата се изведува на македонски jазик и наjмалку на уште два наставни предмети од наставниот план на факултетот.

(5) Наставата на државни високообразовни установи може да се изведува на еден од светските jазици: за одделни студиски програми за странски jазици, за делови на студиски програми во кои учествуваат наставници гости од странство, и за студиски програми за кои наставата се изведува и на македонски jазик.

(6) Заради негување и развивање на културниот идентитет и националните особености наставата на државни високообразовни установи по одделни наставни предмети, односно содржини од уметностите и за jазиците на припадниците на националностите може да се изведува и на jазиците на припадниците на националностите.

(7) Наставата на приватните високообразовни установи може да се изведува и на jазиците на припадниците на националностите или на светските jазици. Кога наставата се изведува на jазиците на припадниците на националностите или на светските jазици, македонскиот jазик се изучува како посебен наставен предмет и наставата се изведува на македонски jазик, наjмалку за уште два наставни предмети.

(8) Наставните предмети од ставовите 2, 3, 4, 5 и 7 се утврдуваат со статутот на високообразовната установа, со фонд на часови утврден со нормативите и стандардите за основање на високообразовни установи.

..................




Source: СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА БР. 64/00


RETURN