Return to Homepage



КРИВИЧЕН ЗАКОНИК

1996

..................

Глава 15

Кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот

Повреда на рамноправноста на граѓаните

Член 137

(1) Тоj коjшто врз основа на разлика на подот, расата, боjата на кожата, националното и социjалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба, jазикот или друго лично своjство или околност, ќе му одземе или ограничи права на човекот и граѓанинот, утврдени со Уставот, закон или со ратификуван меѓународен договор или коj врз основа на овие разлики им дава на граѓаните повластици спротивни на Уставот, закон или ратификуван меѓународен договор, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

(2) Ако делото од став 1 го стори службено лице во вршење на службата, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

Повреда на правото на употреба на jазикот и писмото

Член 138

(1) Тоj коjшто ќе им го одземе или ограничи на граѓаните со Уставот, закон или ратификуван меѓународен договор загарантираното право на употреба на jазикот и писмото, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

(2) Ако делото од став 1 го стори службено лице во вршење на службата, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

..................

Глава 28

Кривични дела против државата

Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Член 319

(1) Тоj коjшто со присилба, малтретирање, загрозување на сигурноста, излагање на подбив на националните, етничките или верските симболи, со оштетување туѓи предмети, со сквернавење споменици, гробови или на друг начин ќе предизвика или ќе разгори национална, расна или верска омраза, раздор или нетрпеливост, ќе се казни со затвор од една до пет години.

(2) Тоj коjшто делото од став 1 го врши со злоупотреба на положбата или на овластувањето или ако поради тие дела дошло до безредие и насилства спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, ќе се казни со затвор од една до десет години.

..................

Глава 34

Кривични дела против хуманота и меѓународното право

Геноцид

Член 403

(1)Тоj коjшто со намера наполно или делумно да уништи некоjа национална, етничка, расна или верска група, ќе нареди да се вршат убиства или тешки повреди на телото или тешко нарушување на физичкото или душевното здравjе на членовите на групата или присилно раселување на населението или групата да се стави во такви животни услови што доведуваат до наполно или делумно истребување на групата или да се применат мерки со кои се спречува раѓање меѓу припадниците на групата или да се врши присилно преселување на деца во друга група или тоj коjшто со иста намера ќе изврши некое од наведените дела, ќе се казни со затвор наjмалку десет години или со доживотен затвор.

..................

Организирање на група и поттикнување на извршување геноцид и воени злосторства

Член 408

(1) Тоj коjшто организира група заради вршење на кривични дела од членовите 403 до 406 , ќе сс казни со затвор наjмалку десет години.

(2) Тоj коjшто ќе стане припадник на групата од став 1, ќе се казни со затвор наjмалку една година.

(3) Припадник на групата од став 1 коj ќе jа открие групата пред да стори кривично дело во неjзиниот состав или за неа, ќе се ослободи од казна.

(4) Тоj коjшто повикува или поттикнува на извршување кривични дела од членовите 403 до 406, ќе се казни со затвор од една до десет години.

..................

Расна и друга дискриминациjа

Член 417

(1) Тоj коjшто врз основа на разлика на раса, боjа на кожа, националност или етничко потекло ги повредува основните човекови права и слободи признати од страна на меѓународната заедница, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

(2) Со казната од став 1 ќе се казни тоj коjшто врши прогонување на организации или на поединци поради нивното залагање за рамноправност на луѓето.

(3) Тоj коjшто шири идеи за супериорност на една раса над друга или пропагира расна омраза или поттикнува на расна дискриминациjа, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.

..................




Source: СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИJА БР.37/96


RETURN